Свет,Магазин 13. јуни 2020. / 11:45

Доживотен затвор за убијци на познат и омилен горила во Уганда

Доживотен затвор за убијци на познат и омилен горила во Уганда

На четири луѓе уапсени во Уганда им се заканува доживотен затвор или парична казна од 5,4 милиони долари доколку бидат прогласени виновни за убиство на загрозен вид горили.

Тие се осомничени дека го убиле Рафики, еден од најпознатите планински горили во таа земја. Истрагата покажала дека горилото било убиен со остар предмет, кој му ги пробил органите.

Во Уганда се останати околу илјада планински горили, а службата за заштита на природата ја опишува смртта на Рафики како „голем удар“.

Рафики беше стар околу 25 години и предводник на чопор од 17 горили. Тој бил многу популарен меѓу посетителите на Националниот парк Бвинди.

Поради неговата смрт, групата ќе стане нестабилна и постои можност да се распадне. Доколку тоа се случи, групата веќе нема да сака контакт со луѓето, а тоа ќе се одрази на туризмот во земјата – истакна Башир Ханги од службата за заштита на природата.