Данскиот милијардер Питер Мадсен, кој ја искасапи новинарката Ким Вал, доби доживотна казна затвор.
Судот во Копенхаген денеска ја потврди доживотната казна затвор за милијардерот Питер Мадсен, кој во својата подморница ја уби и ја искасапи шведската новинарка Ким Вал, која правела репортажа за него. Обвинителството потенцира дека мора да биде потврдена доживотната затворска казна зашто мотив за убиството бил од сексуални побуди, а злосторството било планирано.
Мадсен лани ја уби новинарката и деловите на нејзиното искасапено тело ги фрлил во морето.
Во неговиот компјутер биле најдени видеа од масакрирање на жени и содржини кои упатуваат дека милијардерот со намера ја намамил новинарката на подморницата за да го изврши грозоморното злосторство.