Свет 30. април 2018. / 10:57

Доживеала хорор во авионот: Патничка со тужба до авиокомпанија

Доживеала хорор во авионот: Патничка со тужба до авиокомпанија

Една патничка која тврди дека пати од посттрауматски стрес поради експлозија на моторот на авионот на американската компанија Southwest Airlines, во кој била, го тужи авиопревозникот и произведувачот на моторот.

Лија Чавес поднела тужба до Федералниот суд во Филаделфија против авиокомпанијата и производителот на моторот. Таа на 17 април седела до прозорецот, три седишта позади моторот кој експлодирал. Патничката наведува дека преживеала страв, кога видела како жената пред неа за малку ќе излетала од авионот, а потоа и умрела.

Авионот на пат од Њујорк за Далас, принудно слетал во Филаделфија.