Свет 26. јануари 2020. / 12:55

Дождот во Австралија помогна во борбата со пожарите, но предизвика поплави

Дождот во Австралија помогна во борбата со пожарите, но предизвика поплави

Oбилните дождови во австралиската држава Квинсленд, изгаснаа дел од пожарите што опустошија 2,5 милиони хектари од септември, но исто така предизвикаа поплави во некои делови од државата.

Според проценките, во некои области наврнале една четвртина од годишните просечни врнежи од дожд, а државното Биро за метеорологија соопшти дека во крајбрежните области се евидентирани до 160 милиметри дожд за 24 часа.

Како што се посочува, неколку луѓе биле спасени од поплавите, а некои мостови и насипи се затворени за сообраќај, но не е пријавена поголема штета.

Неодамнешните дождови во Квинсленд, Викторија и Нов Јужен Велс помогнаа во борбата против стотиците пожари што изгореја површина со големина на Грција, при што загинаа 33 луѓе и милиони животни.