Свет 21. јуни 2018. / 18:25

Дошло до недоразбирање: Конте ќе присуствува на самитот за миграцијата

Дошло до недоразбирање: Конте ќе присуствува на самитот за миграцијата

Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека германската канцеларка Ангела Меркел го известила дека дошло до недоразбирање во врска со нацрт соопштението на ЕУ за миграцијата.

Тој најави дека нацртот ќе биде повлечен.

Конте се заканил дека нема да присуствува на собирот на европските лидери во Брисел во недела во знак на протест против нацрт соопштението во кое, меѓу другото, се повикува барателите на азил веднаш да се вратат во земјите на ЕУ во кои прв пат влегле, што значи во Италија, пренесува Ројтерс.

-Само што ми се јави канцеларката Ангела Меркел, загрижена поради можноста јас да не присуствувам на самитот во недела во Брисел за миграцијата.- наведе Конте на својот Фејсбук профил.

Тој нагласи дека не можел да го прифати нацртот во таа форма.

-Канцеларката појасни дека дошло до недоразбирање. Нацрт текстот, кој е објавен вчера, ќе биде повлечен.- додаде Конте.

Италијанскиот премиер потврди дека ќе отпатува на самитот во Брисел, кој ќе се одржи на 28 и 29 јуни.