Досега 16 држави од Европската унија потврдиле учество на средбата закажана в недела посветена на миграцијата, изјави портпарол на Европската комисија.
– Никој не е исклучен од учество…Вратите остануваат отворени за секоја држава, изјави портпарол на ЕК.
Учество потврдиле Белгија, Холандија, Хрватска, Словенија, Данска, Финска, Шведска, Луксембург, Бугарија, Австрија, Германија, Малта, Италија, Шпанија, Грција и Франција.