Свет 17. ноември 2020. / 20:02

Дорси: Твитер, како и сè друго, може да предизвика зависност

Дорси: Твитер, како и сè друго, може да предизвика зависност

Главниот извршен директор на Твитер, Џек Дорси, во вторникот изјави дека платформата Твитер, „како и сè друго“, може да предизвика зависност кај луѓето, додека тој одговараше на прашањата на пратениците пред Комитетот за правосудство во Сенатот.

Претходно, шефот на Фејсбук Марк Закерберг одби да одговори на слично прашање.

Повторно прашан, Закерберг рече дека внатрешните истражувања спроведени на Фејсбук досега биле неубедливи. Сепак, тој додаде дека се согласува дека треба да има контроли за „подобро управување со искуствата на корисниците“.

Во врска со наводното сузбивање на одредени видови содржини на платформите на социјалните медиуми, Цукерберг рече дека неговата компанија не координира со Твитер и Гугл за тоа на кои стории, објави и хаштагови ќе бидат забранети.

Извршните директори на Фејсбук и Твитер сведочат во Сенатот за изборите