Американскиот претседател Доналд Трамп ја назначи Ејми Кони Барет (48) за судија на Врховниот суд, која ќе ја замени неодамна починатата Рут Бадер Гинзберг.
Номинацијата му дава шанса на Трамп да го зголеми своето републиканско мнозинство во судот на помалку од шест недели пред претседателските избори.
Претставувајќи го својот кандидат на церемонијата во Белата куќа, Трамп изјави дека Ејми Кони Барет е една од „најбрилијантните и најталентирани правни умови“ во САД.
Доколку биде потврдена во Сенатот, Берет ќе стане петтата жена во Врховниот суд, а републиканците тогаш ќе имаат мнозинство од 6:3 во однос на либералите во тоа највисоко судско тело на САД.
Барет беше назначен од Трамп за судија на Федералниот апелационен суд во 2017 година.
Судија на Врховниот суд е доживотна функција во САД.
Барет има угледна кариера како професорка и апелациска судијка и е мајка на седум деца. Таа исто така истакнува дека е посветен католик и ЛГБТ групите го критикуваа нејзиното членство во конзервативна католичка група, чија мрежа на школи промовира дека сексуални односи треба да имаат само хетеросексуални брачни двојки. Барет ги поддржуваше тврдите политики на Трамп за имиграцијата и за оружјето.