Американскиот претседател на Твитер го објави писмото што го добил од лидерот на Северна Кореја , Ким Џонг Ун. Во писмото Ким напишал дека сака да вродат со плод нивните напори за подобрување на односите меѓу двете земји. Трамп го оценува писмото, пратено на 6 јули , како многу убава порака .
Тој смета дека веќе е постигнат голем напредок во односите меѓу двете земји. Ким напишал дека состанокот на двајцата претседатели во Сингапур е ,,почеток на значајно патување”.
Тој изразил уверување дека епохалниот напредок во промовирањето на односите на Северна Кореја и САД ќе доведат до следен состанок на двајцата лидери.