Свет 25. јуни 2018. / 17:02

Доналд Трамп бара депортација на илегалните имигранти без судско сослушување

Доналд Трамп бара депортација на илегалните имигранти без судско сослушување

Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека лицата кои илегално влегуваат во САД треба да бидат депортирани „без судии или судски сослушувања“. Доволно е што немаат документи, или што документите им се невалидни или истечени.

Во низата коментари на Твитер, Трамп рече: „Не можеме да дозволиме овие лица да извршат инвазија на нашата држава …“, додавајќи дека „нашиот систем служи како пример за потсмев на имиграциона политика и спроведување на законот и поредокот.“

Трамп тврди дека американскиот закон за имиграција „е предмет на исмевање во светот и не е фер кон сите оние кои законски влегле во системот и чекаат на ред со години“.