Кинескиот лекар кој што полицијата го замолчи во обидот да предупреди за опасноста од кронавирусот на крајот на декември, се бори за живот.
Си-Ен-Ен известува дека на 30 декември, офталмологот Ли Венлианг „фрлил бомба“ кога ја известил својата група колеги од Школата за медицина на апликација за кинески пораки дека седум пациенти од локалниот пазар на морски плодови кои имале болест слична на САРС по што биле ставени во карантин во неговата болница во Вухан.
Ли објасни дека, според тестот што го видел, причината за коронавирусот е големо семејство на вируси кои го предизвикуваат сериозниот акутен респираторен синдром (САРС).
Read his post: Hello everyone, this is Li Wenliang, an ophthalmologist at Wuhan Central Hospital. On December 30th, I saw a test report of a patient who detected a high confidence positive indicator of SARS #coronavirus. In order to remind students to pay attention 1/
— ChinaNewsTranslation新闻搬运工 (@chinanewsbyg) January 31, 2020
Во Кина, пандемијата САРС уби стотици луѓе во 2003 година, но властите први го прикрија тоа.
„Само сакав да ги предупредам моите колеги на универзитетот да бидат внимателни“, рече Ли Венлианг, 34-годишен доктор Вухан, од каде започна сегашната епидемија на смртоносниот коронавирус.
Наскоро, полицијата го обвини Ли за „поттикнување гласини“. Неколку други лекари биле на мета на полицијата за обидот да ја алармираат јавноста за смртоносниот вирус во раните недели на епидемијата.
Оттогаш, вирусот однесе повеќе од 400 животи, а десетици илјади луѓе ширум светот се разболеа, вклучувајќи го и д-р Ли.
Веста дека докторот исто така се разболе предизвика бес низ Кина, каде се зголемува незадоволството од државната цензура на податоците за болеста и првичното одложување да се алармира јавноста за опасноста од новиот вирус.
Истиот ден во декември, кога Ли им испратил пораки на своите колеги, Здравствената комисија во градот Вухан издала итно известување до градските медицински установи дека серија пациенти од маркетот со морска храна имаат „непозната пневмонија“.
Известувањето вклучуваше предупредување дека „ниту една организација или индивидуа не смее да објавува информации без дозвола“.
Еден ден подоцна, на 31 декември, здравствените работници во Вухан одржаа итен состанок за епидемијата, а потоа д-р Ли беше сослушан во болницата за неговото знаење за случаите, тврди државниот „Пекинг Њуз Дејли.
Подоцна истиот ден, властите во Вухан ја објавија епидемијата и ја алармираа Светската здравствена организација, но проблемите на Ли не завршија.
Докторот на 3ти јануари беше повикан во полициска станица и предупреден поради „ширење на гласини на интернет“ и за „сериозно нарушување на социјалниот поредок“ со порака што тој ја испратил до група свои колеги.ж
Ли морал да потпише изјава во која го признал својот „прекршок“ и откако ветил дека нема да продолжи о „незаконски“ дејствија бил пуштн на слобда.
Тој на 12ти јануари бил хоспитализиран, по што неговата состојба толку ногу се влошила што бил префрлен на одделот за интензивна нега.
Кинеските власти од самиот почеток сакале да ги контролираат информациите за болеста, замолчувајќи ги сите, дури и да ја кажуваа вистината, пренесува Си-Ен-Ен.
Во интервју за Си-СИ-Ти-Ви на 27 јануари, градоначалникот на Вухан Жо Ксијанганг призна дека неговата влада не открила информации за коронавирусот „навреме“.
Тој објасни дека според кинескиот закон за заразни болести, локалната управа прв мора да ја пријав епидемијата на националните здравствени власти, а потоа да добиијат одобрување од Државниот завод за да ги објават информациите.
Повикот на претседателот Си за навремено откривање на информациите беше протолкуван како поддршка за масовно известување за коронавирусот.
Весникот „Бежинг Њуз Дејли“ дури и го интервјуираше д-р Ли, но написот сепак беше цензуриран неколку часа подоцна.
Како што ескалираше гневот на јавноста, Врховниот суд на Кина ја критикуваше полицијата во Вухан на 28 јануари за казнување на лекарот.
Д-р Ли Венлианг, кој се опоравува во карантинската единица во болницата, вели дека му е полесно откако ја прочитал одлуката на Врховниот суд, што го гледа како знак дека централната власте против тоа да биде потешко кзнет, објави Си-Ен-Ен.