Свет 06. февруари 2020. / 21:51

Докторот кој предупреди за коронавирусот не е мртов, тврди болницата

Докторот кој предупреди за коронавирусот не е мртов, тврди болницата

Кинескиот лекар за кого светските медиуми јавија дека е мртов, сепак е живо но е во критична состојба.

Забуната е присутна во извештаите на кинеските медиуми кои први објавија дека Ли Венлианг, лекарот кој се обидел да ги предупреди властите за коронавирусот, е мртов, а потоа јавија дека е во критична состојба.

Во соопштението од болницата што го лекува Ли, се вели дека тој бил во критична состојба.

„Стејт Глобал Тајмс“ објави дека Ли Венлианг починал во Вухан, но подоцна го ревидирал првичниот извештај, потенцирајќи дека тој е во критична состојба.

„Пиплс Дејли“ објави на „Твитер“ дека смртта на лекарот е „национална жалост“.

Веста за неговата смрт ја објавија скоро сите медиуми, дури и Светската здравствена организација на „Твитер“ изрази жалење за неговата смрт.

„Треба да цениме сè што направи“, пишуваше „Твитот“ на Светската здравствена организација кој подоцна беше избришан.

Коронавирусот досега однесе повеќе од 560 животи, а околу 28.000 луѓе се заразени.