Свет 20. ноември 2018. / 16:29

„Доктори без граници“ под обвинение дека исфрлале токсичен отпад

„Доктори без граници“ под обвинение дека исфрлале токсичен отпад

Италијанските магистрати ја обвинија групата „Доктори без граници“ (МСФ) за нелегално исфрлање токсичен отпад на пристаништата во јужна Италија на што МСФ одговори дека ова е само уште еден обид да се сопрат обидите за спасување на мигрантите.

Магистратите наредја бродот на МСФ да биде запленет но добротворната организација ги отфрли обвиненијата и ја обвини Италија дека ги саботира и криминализира спасувачките мисии.

Бродот „Аквариус“ беше блокиран кај пристаништето Марсеј во септември откако не успеа да најде држава која ќе води регистер за неговите патувања во Средоземното море.
По блокадата не беше јасно дали француските власти ќе го запленат бродот.

Јавното обвинителство во Катанија, Сицилија, вели дека екипажите на „Аквариус“ и „ВОС Пруденс“ нелегално исфрлиле опасен медицински отпад заедно со обичен отпад во периодот од јануари 2017 до мај 2018.

Обвинителството во соопштение посочи дека околу 24.000 кг ѓубре од сомнително потекло кое содржело потенцијално опасен медицински отпад било преземено од италијанските власти на 11 пристаништа во земјата.