Свет 19. септември 2018. / 13:03

Договорот меѓу армиите на Северна и Јужна Кореа значи дефинитивен крај на војната

Договорот меѓу армиите на Северна и Јужна Кореа значи дефинитивен крај на војната

Воениот договор меѓу Северна и Јужна Кореја кој е потпишан денеска на маргините на самитот меѓу лидерите Мун Џае-ин и Ким Џонг Ун значи крај на корејската војна 1950 -1953 година, соопшти портпаролот на јужнокорејскиот претседател Јон Јунг-чан.

– Овој договор е всушност прогласување крај на војната и придвижување на мировен процес, истакна тој.

Во документот стои дека страните се договориле да прекинат со воени летови и артилериски оган во пограничните региони. Освен тоа одлуката предвидува Северна и Јужна Кореја до крајот на годината да расформираат 11 воени гранични пунктови.