Свет 14. мај 2018. / 14:30

Доби орден на храброст: Мајка уби напаѓач пред училиште во Бразил (ВИДЕО)

Доби орден на храброст: Мајка уби напаѓач пред училиште во Бразил (ВИДЕО)

Мајка која што го чекала своето дете пред основно училиште во Сао Паоло, Бразил, уби натрапник кој со пиштол се обидел да ги ограби присутните деца и родители.

Хероината, по име Катја да Силва Састре, била полицајка која во тој момент не била на должност. Кога напаѓачот и се доближил, таа го извадила својот службен пиштол и пукала трипати во него.

Напаѓачот е идентификуван како Еливелтон Мореира (21). Откако бил совладан, тој бил пренесен во болница, каде што и починал.

Сето тоа се случувало по забава во училиштето, по повод Денот на мајката.

Гувернерот на Сао Паоло, Марсио Франча ја награди храбрата мајка со орден на храброст.