Свет 15. февруари 2021. / 23:30

До крајот на летото во Европа ќе се вакцинираат сите што сакаат

До крајот на летото во Европа ќе се вакцинираат сите што сакаат

Европа планира до крајот на летото да ги вакцинира сите што сакаат, изјави денеска еврокомесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон.

Тој за француската телевизија БФМ рече дека нема потреба од нови вакцини освен оние што веќе се планирани за Европа.

Европската агенција за лекови (ЕМА) досега одобри три вакцини за употреба во Европската унија, германско-американската БиоНТек/Фајзер, американската вакцина на Модерна и шведско-британската АстраЗенека и Оксфорд.

ЕМА, исто така, се очекува до март да ја одобри американската вакцина на Џонсон енд Џонсон.