Свет 12. јануари 2021. / 15:15

Дизниленд ги отвори вратите, но само за вакцинираните

Дизниленд ги отвори вратите, но само за вакцинираните

Оригиналниот Дизниленд во Анахејм, Калифорнија е затворен уште од почеток на пандемијата во март лани. Сега ќе отвори, но како место каде луѓето масовно ќе се вакцинираат.

Оринџ Каунти синоќа објави дека најголемиот центар за вакцинација против коронавирусот COVID-19 ќе биде сместен во познатиот забавен парк.

-Коронавирусот донесе и криза во јавното здравје и уништување на економијата. Со помош на ова супер место, ќе почнеме да ги пребродуваме двете, рече градоначалникот на Анахејм, Хари Сиду.

Дизниленд не е единственото огромно место во Калифорнија кое ќе се претвори во вакцинарен центар. Истото ќе се случи и со познатиот „Доџер“ стадион, дом на бејзбол тимот на Лос Анџелес Доџерс.

Disney ги затвори своите забавни паркови на почетокот на пандемијата, а оној во Мајами, Флорида отвори летоска, додека властите во Калифорнија не дозволија отворање. Таму отворен е само шопинг центарот „Даунтаун Дизни“.