Свет 05. февруари 2020. / 10:09

„Дизни“ загубил 175 милиони долари поради епидемијата на корона вирус

„Дизни“ загубил 175 милиони долари поради епидемијата на корона вирус

Компанијата „Волт Дизни“ соопшти дека претрпела загуби од 175 милиони долари поради затворањето на своите забавни паркови „Дизниленд“ во Шангај и во Хонгконг.

Двата тематски паркови беа затворени кон крајот на јануари поради епидемијата од коронавирус во Кина, соопшти главниот финансиски директор на компанијата, Кристин Маккарти.

Сегашното затворање на парковите се случува во тримесечието кога вообичаено имаме зголемена посетеност и вработувања заради празнувањето на Кинеската Нова година – соопшти Маккарти.

Според неа, точните загуби на компанијата ќе зависат од тоа колку долго парковите ќе останат затворени и за колку брзо време можат да ја обноват својата нормална работа.