Стотици луѓе се хоспитализирани поради повредите со кои се здобија во денешната експлозија што се случи во пристаништето во главниот град на Либан, Бејрут.
Во експлозијата, за која се уште не е познато што ја предизвика, загинале најмалку десет лица. Директорот на либанскиот Црвен Крст, Жорж Кетанех изјави дека се уште не е познат точниот број на повредени, бидејќи голем број на луѓе се под урнатините на куќите.
Либанскиот претседател Мишел Аун ги упати сите вооружени сили да се справат со последиците од експлозијата во Бејрут и да спроведат патроли во погодените области и во предградијата за да обезбедат безбедност, соопшти државната Национална новинска агенција.