Свет 12. јануари 2020. / 22:30

Директорот на Хјуман рајтс воч доби забрана за влез во Хонгконг

Директорот на Хјуман рајтс воч доби забрана за влез во Хонгконг

Директорот на меѓународната организација „Хјуман рајтс воч“, Кенет Рот објави дека властите во Хонгконг му забраниле влез на таа територија.

Рот требаше да го претстави годишниот извештај за состојбата со човековите права по неколку месечните продемократски протести.

– Се надевав дека ќе можам да ги претставам зголемените напади на Пекинг против меѓународните напори на поддршка за почитување на човековите права – истакна Рот.

Директорот на „Хјуман рајтс воч“ додаде дека забраната да влезе во Хонгконг е јасна илустрација за тоа што сакал да го презентира.