Свет 18. мај 2020. / 14:45

Директорот на Европската медицинска агенција: Вакцина против Ковид-19 дури за една година

Директорот на Европската медицинска агенција: Вакцина против Ковид-19 дури за една година

Директорот на Европската медицинска агенција (ЕМА) Гвидо Раси изјави дека вакцината против корона вирусот нема да биде готова во блиска иднина, а кога тоа ќе се случи, производството нема да биде доволно за да се заштити целото светско население.

Раси во обраќањето пред членовите на Европскиот парламент рече дека вакцината ќе биде направена за една година и тоа во најдобар случај, објави „АП“.

Тој додаде дека, дури и тогаш, нема да има доволно дози за целото население и дека е потребен координиран пристап на европско ниво за да се идентификуваат луѓето кои ќе имаат најголема корист од вакцината.

Ќе биде неопходно да се има холистички модел за да се создаде првиот прстен на одбраната кај општата популација – вели директорот на „ЕМА“.