Директорот на Центарот за контрола и превенција на болести, Роберт Редфилд, предупредува дека следната зима може да се очекува вториот бран на Ковид-19 во САД и тој би можел да биде посилен од првиот, затоа што најверојатно ќе се појави на почетокот на сезоната на вируси.
Редфилд во интервју за „Вашингтон пост“ истакнува дека во САД најверојатно истовремено ќе има и епидемија на грип и на корона вирус и таа комбинација би можела да биде поголемо оптоварување за националниот здравствен систем од првиот бран.
Редфилд додава дека Центарот за контрола и превенција на болести планира да обучува волонтери од пријавените лица во американското Биро за попис и членовите на Мировниот корпус, за да се создаде нова работна сила во борба со корона вирусот.