Директорката на „Голдман Сакс“ Дина Пауел ја отфрли идејата да стане наследник на Ники Хејли, како амбасадор на САД во Обединетите нации,велат неименувани извори за американските медиуми.
Пауел му рекла на американскиот претседател Доналд Трамп дека и е чест тоа што ја зел во предвид како можен наследник на Ники Хејли, но дека таа планира да остане во „Голдман Сакс”.
Американскиот претседател Доналд Трамп, пред неколку дена рече дека за две до три недели ќе одлучи кој ќе ја наследи Ники Хелји во ОН, и дека меѓу кандидатите кои ги разгледува, Трамп го наведе само името на Пауел, додека другите имиња – на листата од пет кандидати – не сакаше да ги објави, пренесува АП.