Свет 30. август 2019. / 17:54

Ди Мајо бара целосна ревизија на Даблинскиот договор

Ди Мајо бара целосна ревизија на Даблинскиот договор

Претседателот на италијанското владејачко Движење Пет ѕвезди Луиџи ди Мајо изјави денеска дека прашањето за мигрантите треба да биде разгледано „со многу стручност” и сметајќи на целосна ревизија на Даблинскиот договор.

Ди Мајо вели дека тоа прашање било одлучувачко при изборот на новата претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и побара итно да се покрене процедура за прераспределба на мигрантите во европските земји.

Со оглед на тоа дека сме оставени сами на себе сите овие години, ред е и Европа со тоа да се занимава – заклучи Ди Мајо.