Тригодишно девојче и нејзиното куче се пронајдени живи и здрави откако било пријавено дека исчезнале.
Девојчето во еден момент се оддалечило од куќата во австралискиот град Норина Даунс. Во нејзината потрага учествувале голем број припадници на полицијата, а вклучени биле и хеликоптери.
Таа и нејзиното куче од расата „џек расел“ останале заробени во поплавите кои беа предизвикани од големите врнежи кои ја погодија Австралија.
Девојчето е пронајдено живо и здраво на околу три километри од куќата. Било извалкано од калта, а нејзиното куче не се одвојувало од неа.
Обилни врнежи пропратени со грмотевици погодија делови од Австралија, така што сега, покрај пожарот, се борат и со поплави.