Свет 29. јуни 2018. / 18:34

Деветмина загинати откако цистерна експлодира среде сообраќаен метеж во Нигерија (ВИДЕО)

Деветмина загинати откако цистерна експлодира среде сообраќаен метеж во Нигерија (ВИДЕО)

Камион кој превезувал нафта експлодирал среде сообраќаен метеж во Нигерија, при што загинале најмалку девет лица, а најмалку пет лица се повредени, соопштија официјални лица.

Цистерната се забила во автомобил и се запалила на брзата лента од мост со голем интензитет на сообраќај, лоциран меѓу градовите Лагос и Ибадан. Владините претставници изјавија дека очекуваат бројот на жртви да биде повисок. Во катастрофалната незгода изгореле повеќе од 50 возила, меѓу кои и пет автобуси.

 

„Сé уште се бориме против огнот, а спасувачките тимови се обидуваат да стигнат до мостот. Многу луѓе останаа заглавени во пожарот“, рече шефот на Агенцијата за итни случаи во Лагос, Адесин Тиамиј.

Според некои сведоци, непосредно пред судирот, откажале кочниците на камионот.