Свет 18. јуни 2020. / 12:36

Девет починати во старски дом во Виена биле заразени од вработена во домот

Девет починати во старски дом во Виена биле заразени од вработена во домот

Во старски дом во Виена, во кој влезе корона вирусот, бројот на починати се зголеми на девет, а се претпоставува дека вирусот го внела една вработена.

Според оценката на директорката на домот и здравствените служби на градот Виена, една вработена, која немала симптоми, била првата заразена личност во таа установа.

Таа жена, заедно со еден корисник на домот е позитивна на тестирањето за време на масовниот скрининг во оваа установа.

Веднаш по добиените резултати на тестот надлежните презеле дополнителни мерки и наредиле понатамошно тестирање.

Второто тестирање покажало дека уште десет станари и тројца вработени се заболени од коронавирус. На почетокот на неделата починале шест луѓе од домот, а за време на последните 24 часа уште тројца.