Свет 22. април 2020. / 09:13

Девет американски морнари на интензивна нега поради Ковид-19

Девет американски морнари на интензивна нега поради Ковид-19

Девет морнари од американскиот носач на авиони „Теодор Рузвелт“ се префрлени на интензивна нега во болница, каде се лекуваат од корона вирус.

Повеќе од 4.100  од 4.800 членови на екипажот на бродот се во карантин, а 710 од нив се позитивни на Ковид-19.

Во соопштението на американската морнарица се наведува дека само 42 морнари се излекувани од Ковид-19, а еден починал, откако носачот на авиони пристигна во Гвам, пред 3,5 недели.