Седумгодишното момче Мергим Л. до смрт е избоден на улица во четвртокот во Базел во Швајцарија, додека се враќал од училиште, а за убиството осомничена е пензионерка (75) која се предала на полицијата.
Ученикот е нападнат во 12.45 часот додека сам се враќал од училиште, соопшти полицијата. Неговата учителка додека поминувала покрај местото на злочинот го пронашла тешко повреденото момче во локви крв и веднаш повикала брза помош, но момчето му подлегнало на повредите откако беше примено во болница.
75-годишната старица се предала на полицијата притоа признавајќи го и делото, но не ја открила причината за злочинот кој што го направила.
Бабата е уапсена, а полицијата се обидува да дознае дали осомничената е поврзана на некој начин со детето и со неговото семејство.
Како што дознава швајцарскиот весник Блиц, момчето потекнува од поранешна Југославија, наводно од Косово.
На местото на трагичниот настан шокираните граѓани оставаат цвеќе и палат свеќи за убиеното момче.