Свет

Дете во градинка со кокаин во ранец

Дете во градинка со кокаин во ранец

Шестгодишно девојче во градинка во Филаделфија нашла пакетче кокаин во ранец на другарче од групата, соопштиле властите.

Полицијата го испрашала девојчето, која го пронашла кокаинот мислејќи дека се работи за шеќер со што го ставила пакетчето во уста. Почнала да го јаде, но не го голтнала.

Воспитачката го здогледала пакетчето и го одземала, сомневајќи се дека станува збор за дрога. Градинката веднаш ги известила властите.

Девојчето како и детето во чие ранче била дрогата, ги прегледала училишна медицинска сестра и утврдено е дека не внеле кокаин во организмот. Полицијата веднаш ги пребарала торбите и на другите деца во градинката но не пронашле ништо.Не е познато како кокаинот завршил во ранецот, а полицијата не верува дека детето ја донело од дома.