Вооружен напад се случи денеска во средното училиште Санта Фе, во сојузната американска држава Тексас.
Во пукањето биле убиени најмалку деветмина средношколци и еден наставник, а има и повредени.
Според најновите информации, напаѓачот бил ученик во училиштето во Санта Фе, лоцирано 48 километри југоисточно од Хјустон. По нападот, тој бил уапсен.
Според локалната полиција, осомничен за нападот е 17-годишниот Димитриос Пагурцис од Санта Фе, пренесува „Си-би-ес њуз“.
Вооружено лице влегло на час по ликовно и почнало да пука од нешто што веројатно било пушка – вели еден сведок.
Сведокот вели дека видел девојка застрелана во ногата.
Ранетите од училитето се пренесени во најблиската болница, од каде не даваат повеќе информации за нивната состојба.
Санта Фе е мал град во Тексас, таму живеат околу 13.000 жители.
Во средното училиште учат вкупно 1.200 ученици.