Најмалку две лица го загубија животот, додека состојбата на шест други лица кои се пронајдени на местото каде што се урна хеликоптер за спасување, е сеуште непозната.
Во хеликоптерот имало вкупно девет лица, меѓутоа едно лице засега се води за исчезнато.
Меѓу лицата кои биле во хеликоптерот, се и претставници на Дирекцијата за управување со катастрофи и петмина пожарникари.
Претходно медиумите јавија дека хеликоптерот „бел 412 ЕП“ го напуштил хелидромот во Маебаши околу 9.15 часот по локално време и требало да се врати во 10.45 часот, но во меѓувреме изгубил контакт со контролата на летање.