Свет 18. април 2018. / 10:44

Детали за несреќата: Се бореа да ја повлечат – почина патничката од ужасниот лет

Детали за несреќата: Се бореа да ја повлечат – почина патничката од ужасниот лет

Една жена почина по несреќата во САД, каде во воздух експлодира моторот на патнички авион „Боинг 737“ кој летал од Њујорк и требало да слета во Далас, при што принудно слетал на аеродром во Филаделфија.

Патниците во авионот вчера се бореа да ја повлечат жената, назад во авионот, откако таа беше заглавена во дупка направена од разрушениот прозорец, пишува СНН. Во авионот нагло паднал притисокот, откако дел од моторот се откачил, удрил во прозорецот и го скршил.

Жената седела на левата страна на авионот, кога моторот експлорирал и дел удрил во прозорецот и го скршил. Таа висела неколку минути, а патниците се обидоа да ја повлечат назад.

По успешното слетување на аеродромот во Филаделфија биле пречекани од екипи на Итна помош.