Свет 17. април 2018. / 22:35

Детали за несреќата: Едно лице загина откако во лет експлодира моторот на авионот

Детали за несреќата: Едно лице загина откако во лет експлодира моторот на авионот

Едно лице почина по несреќата во САД, каде во воздух експлодира моторот на патнички авион „Боинг 737“ кој летал од Њујорк и требало да слета во Далас, при што принудно слетал на аеродром во Филаделфија.

Околностите во кое загина лицето сеуште не се соопштуваат.

Во авионот нагло паднал притисокот, откако дел од моторот се откачил, удрил во прозорецот и го скршил.

Една од патничките за малку ќе била исфрлена од авионот, но другите патници успеале да ја спасат.

По успешното слетување на аеродромот во Филаделфија биле пречекани од екипи на Итна помош.