Француската полиција го идентификува осомничениот за нападот во Стразбур. Станува збор за 29-годишниот Шериф Шекат.
Во нападот убиени се три лица, а најмалку 14 се ранети.
Според најновите информации мајката, таткото и двајцата браќа на осомничениот се задржани во притвор поради испитувања, пренесе Ројтерс.
Инаку Шериф е осуден криминалец и лице означено како закана за националната сигурност. Во неговото досие се запишани и две казнени дела „грабеж“, а министерот за внатрешни работи на Франција го опишал како „обичен крадец“. Извор близок на истрагата за „Дејли мејл“ открил дека напаѓачот во 2011 година бил осуден на две години затвор за напад на 16-годишна девојка со нож.