Свет 01. септември 2019. / 17:45

Детали за хеликоптерската несреќа: Загинаа шест лица

Детали за хеликоптерската несреќа: Загинаа шест лица

Полицијата на Норвешка денеска соопшти дека во синоќешната хеликоптерска несреќа загинале шест лица.

Со цивилниот хеликоптер, кој се урна во северниот дел на Норвешка, се превезувале петмина Норвежани, а пилотот бил од Шведска.

Спасувачката служба соопшти дека хеликоптерот Ербас АС350 бил во сопственост на компанијата Хелитранс.

Норвешките власти покренаа истрага за несреќата.