Австриската народна партија (ОВП) на доскорешниот канцелар, Себастијан Курц, убедливо води на вонредните парламентарни избори, додека крајната десна Слободатска партија на Австрија оствари значително послаби резултати, покажуваат излезните анкети.
ОВП, според излезните анкети освоила дури 37,2 отсто од гласовите, што е 5,7 отсто повеќе во споредба со 2017 година, кога партијата на Курц имаше освоено 26,9 отсто од гласовите.
Според овие резултати, на второто место е Социјалдемократската партија (СПО) со 22 отсто од гласовите, што е за 4,9 отсто помалку во споредба со минатите избори.
Партијата за слобода (ФПО) која беше неодамнешн коалициски партнер на ОВП, освои десет отсто помалку гласови, што значи дека тие освоиле 16 отсто од гласовите. ФПО претрпе тежок пораз на изборите како последица од аферата „Ибица“ на нивниот лидер Ханс-Кристијан Штрахе.
Зелените освоија 14,3 отсто гласови, а во новиот состав на парламентот ќе биде и либералната партија Неос, која сега има осум отсто, за 2,7 отсто повеќе од 2017 година.
Курц сега ќе мора да избере дали неговата партија повторно ќе формира влада со ФПО или ќе се здружи со други партии.