Свет 10. јуни 2020. / 23:26

Десетици мигранти се удавиле во близина на Тунис

Десетици мигранти се удавиле во близина на Тунис

Брод се превртел во близина на пристаништето Сфакс, соопшти националната гарда на Тунис. Вчера на брегот испливале 22 тела, вклучувајќи 19 жени и две деца. Останатите тела се пронајдени како пловат во водата откако бродот потонал, пренесува Асошиејтед прес.

Најголемиот број од жртвите се од Брегот на Слоновата коска, освен капетанот кој е државјанин на Тунис. Според некои извештаи на бродот имало 53 мигранти, но сите тела не се пронајдени.

Агенцијата за бегалци на ОН соопшти дека во првите четери месеци годинава бројот на обидите на мигрантите да дојдат до италијанското копно е зголемено за 150 отсто во споредба со минатогодишниот просек.