Свет 24. октомври 2018. / 22:47

Десет лица загинаа при воздушен напад во Јемен

Десет лица загинаа при воздушен напад во Јемен

Најмалку десет лица загинаа во воздушен напад на пазар во Јемен, соопштија тамошните здравствени установи.

Според очевидци на настанот, повредени се најмалку девет лица, пренесе агенцијата „Ројтерс“ додавајќи дека медиуми блиски до бунтовниците Хути јавуваат дека загинале 19, а повредени се десет лица.