Кинезите се најбројни странски студенти во САД веќе десет години по ред, покажува извештајот „Отворени врати 2019“.
Извештајот го изготвуваат Американскиот институт за меѓународно образование и Бирото за образовни и културни прашања. Според податоците, вкупно 369.548 кинески студенти се обучувале на американските универзитети во текот на академската 2018/2019 година, што е за 1,7% повеќе во однос во споредба со претходната.
По Кина, следуваат Индија, Јужна Кореја, Саудијска Арабија и Канада.