Денеска и утре министрите за надворешни работи на ЕУ, во Виена ќе одржат неформален состанок. Ваквите состаници се одржуваат на секои две години и, како што се наведува во Брисел, нудат можност на неформален начин да се разговара за важни прашања.
Спротивно на состаноците на Советот на Европската унија, на овие состаноци нема одредена агенда или пак завршно соопштение. Најверојатни теми за дискусија ќе бидат актуелните случувања на Блискиот Исток, трансатлантските односи и Западен Балкан. На состанокот ќе учествуваат и еврокомесарот Јоханес како и претставници на земјите кандидати: Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Турција.