Свет 31. јули 2020. / 21:03

Денеска е забележан рекорден број на новозаболени со Ковид-19 во светот

Денеска е забележан рекорден број на новозаболени со Ковид-19 во светот

Светска здравствена организација соопшти дека денеска е забележан рекорден број на новозаболени со Ковид-19 – 292.527 лица. Најголем пораст на инфицирани со новиот коронавирус има во САД, а потоа следат Бразил, Иднија и Јужна Африка.

Во изминатите 24 часа од последици од Ковид-19 починале 6.812 луѓе. Претходниот рекорден број на новозабоени над 284.000 беше пријавен на 24 јули. Речиси 40 држави минатата недела пријавија рекорден раст на новозаболени лица на дневно ниво.