Свет 11. ноември 2019. / 11:16

Денеска е „Денот на осамените срца“: „Алибаба“ за еден час заработи 12 милијарди долари

Денеска е „Денот на осамените срца“: „Алибаба“ за еден час заработи 12 милијарди долари

Кинескиот гигант во онлајн трговијата „Алибаба“ соопшти дека реализирал продажба во висина од 84 милијарди јуани или 12 милијарди долари само во текот на првиот час од кампањата „Ден на осамените срца“, јавува Ројтерс.

Тоа е 22% повеќе од продадените производи во првиот час од минатогодишната акција. Тогаш целата продажба во текот на денот изнесуваше 30 милијарди долари.

„Денот на осамените срца“ е кампања слична на „Црниот петок“ во САД и е најголем настан во светот на онлајн продажбата. Називот доаѓа од датумот 11.11. во кој четирите единици ги симболизираат луѓето без партнер во животот.

Замислен како протест против традиционалните празници посветени на двојките, „Денот на осамените срца“ им дава можност на потрошивачите да си купат подароци самите за себе нудејќи им големи попусти.