Чешка и Словачка ја одбележуваат 50-годишнината од инвазијата на силите на Варшавскиот пакт, предводени од поранешниот Советски Сојуз, која имала за цел да ги задуши периодот на либерализација во земјата познат како Прашка пролет.
Во неколку месеци откако стана лидер на тогашната чехословачка Комунистичката партија во почетокот на 1968 година, Александар Дубчек ја укината политичката цензура, ги иницира економските реформи и го отвори патот на земјата кон напуштање на сталинистичкото минатото. Целта на реформите беше „социјализам со човечки лик”.
Советски, полски, унгарски и бугарски војници влегоа во главниот град на тогашна Чехословачка, Прага, во текот на ноќта меѓу 20 и 21 август истата година и на брутален начин, со тенкови на улиците, го скршија сето она што го сметаа за опасен политички развој на настаните што се случуваа во сферата на влијание на Москва. Москва и нејзините комунистички сојузници на првиот ден од инвазијата на Чехословачка испратија 200 000 војници, а бројот подоцна се зголеми на 600 000. По воената интервенција, последните советски сили ја напуштија земјата во јуни 1991 година.
Стотици демонстранти се собраа во понеделникот вечерта пред руската амбасада во Прага, во знак на протест против она што го сметаат за продолжување на улогата на агресорот во регионот, што укажува на анексијата на Крим на Русија од соседна Украина во 2014 година.
Според историските податоци, во Прашката пролет во периодот од август до декември 1968 година загинаа 137 цивили.
Одбележувањето на овој јубилеј не е без контроверзии: чешкиот претседател Милош Земан остана тивок во врска со одбележувањето на годишнината, и многу од либералите го обвинуваат дека е премногу близок со рускиот претседател Владимир Путин, поради што, како што укажуваат, не сака премногу да биде критичен кон она што го направиле Советите во тоа време.