Свет 29. април 2020. / 09:40

Демократите се обединуваат за претседателските избори во САД: Хилари Клинтон застана зад Бајден

Демократите се обединуваат за претседателските избори во САД: Хилари Клинтон застана зад Бајден

Кандидатката на Демократската партија, којашто загуби од Доналд Трамп на минатите претседателски избори во САД во 2016 година, Хилари Клинтон, изрази поддршка за номинација на Џо Бајден за кандидат за американски претседател на изборите што треба да се одржат годинава.

Клинтон својата одлука ја соопшти на заедничка онлајн средба со Бајден на која тие дискутираа за ударот на пандемијата на Ковид-19 врз жените.

Меѓудругото, Клинтон, која е поранешен американски државен секретар, истакна дека имала чест да работи со Бајден повеќе години и дека таа забележала како тој има способност да ги обединува луѓето.

Замислете колку ќе прави разлика да имате вистински претседател, а не таков кој глуми претседател на телевизија – истакна Клинтон.

Поддршката на Клинтон доаѓа еден ден откако Бајден беше поддржан и од Ненси Пелоси, водечка демократка и спикар на Претставничкиот дом во американскиот Конгрес.