Делегација на турски официјални претставници за два дена ќе отпатува во Вашингтон со цел со нивните колеги од САД да разговараат околу актуелната криза меѓу двете земји, објави телевизијата „Си-ен-ен Турк“, повикувајќи се на дипломатски извори.
Според телевизијата, Анкара и Вашингтон постигнале прелиминарни договори за некои прашања.