Свет 01. јануари 2021. / 20:32

Данската кралица се вакцинираше против Ковид-19

Данската кралица се вакцинираше против Ковид-19

Данската кралица Маргарет Втора ја прими првата доза на вакцината против коронавирус, објави во петокот кралската куќа.

Од почетокот на кампањата на 27 декември, скоро 30 000 луѓе во Данска ги слушале препораките на здравствените власти и ја примиле вакцината Фајзер против коронавирус.

Маргарет Втора, која го прослави својот 80-ти роденден, беше меѓу првите кои беа вакцинирани во земјата.

Градските власти во Копенхаген најпрво планираа да ги вакцинираат жителите на домовите за стари лица, кои се над 65 години и медицинскиот персонал кој е најмногу изложен на вирусот.

Кралицата Маргарет ужива голема репутација во таа скандинавска монархија.

-Ќе останам на тронот се додека не паднам од него, изјавила кралицата, искусен пушач, уметник и полиглот со многу таленти, чиј сопруг принцот Хенри, роден во Франција, почина во 2018 година.

Семејството на данскиот престолонаследник Фредерик беше во изолација на почетокот на декември, откако на неговиот најстар син, принцот Кристијан, беше позитивен на Ковид-19.