Поради новото зголемување на бројот на заразени со коронавирус, данските власти го намалија бројот на учесници на јавни собири од сто на 50, а баровите и рестораните добија наредба да затвораат порано, во 22 часот, изјави денеска данскиот премиер Мете Фредериксен.
Двете мерки стапуваат на сила од утре.
По олеснувањето на карантинските мерки кои беа на сила од март до мај, Данска бележи зголемен дневен пораст на бројот на заразени лица во последните неколку недели.
Во последните 24 часа, во Данска се регистрирани 454 нови случаи на Ковид-19, додека, за споредба, е забележан рекорден дневен пораст од 473 случаи во април.