Свет 28. август 2018. / 18:21

Данска: Уапсен маж со рекордно количество дрога

Данска: Уапсен маж со рекордно количество дрога

Данската полиција уапси 43 годишен маж кај кого се најдени рекордни количества амфетамини и хашиш.

Данската полиција уапси 43 годишен маж , кај кого се најдени 1,3 тони амфетамини и 13,8 тони хашиш. Ова е една од најголемите заплени на дрога во Данска.

Според медиумите идентитетот не мажот не се соопштува , поради тоа што во тек е судска постапка. Тој бил во притвор од јули 2017 , додека судењето му почнува во октомври .

Денеска против криумчарот е покренато обвинение за шверц на дрога во периодот од февруари 2015 до јуни минатата година.