Данскиот парламент усвои закон кој предвидува забрана на носење облека која го покрива лицето, како муслиманските велови ниџаб и бурки.
Данска со тоа се приклучи кон европските земји кои имаат воведено таква забрана.
Законот, познат и како „забрана на бурки”, кој го предложи десничарската коалиција, е усвоен со 75 гласови ЗА и 30 ПРОТИВ, пренесува АП.
Како што соопштила владата, законот не е против никоја религија и со него не се забранува марамата за глава, турбините или традиционалните еврејски капи.
Кршењето на законот, кој стапува на сила на 1 август, ќе биде казнето со 1.000 дански круни, односно 156 долари.
Слични закон се веќе усвоени во Австрија, Франција и Белгија.